Автомобил

Article on other languages:

del.icio.us del.icio.us
Digg Digg
Furl Furl
Reddit Reddit
Rojo Rojo
Add to OnlyWire
Малите автомобили се највозениот вид на автомобили во светот.

Автомобил е возило на тркала кое има свој мотор. Постојат повеќе видови на автомобили: кола, автобус, камион, комбе и моторцикл од кои колите се најкористени. Поимот доаѓа од грчкиот збор 'autos' (себе) и латинскиот збор 'movére' (движи) и се однесува на фактот што тоа возило се движи 'себеси'. Рани термини за кола се: 'кола без коњ' и 'моторна кола'. Автомобилите имаат седишта за возачот и скоро без исклучок, едно или повеќе седишта за патници. Како такви, автомобилите представуваат главен вид на транспорт ширум светот.

По статистиката од 2005 год. во светот има 500 милиони коли (0.074 по глава на жител), од кои 220 милиони се наоѓаат во Соединетите Американски Држави (0.75 по глава на жител).

Содржина

Историја

Современиот автомобил

Современиот автомобил со Ото бензински мотор е измислен во Германија од страна на Карл Бенц. Иако Карл Бенц денес се смета за пронаоѓачот на автомобилот, треба да се знае дека повеќе германски пронаоѓачи истовремено независно работеле на тој проект и секој има придонесено нешто свое. Тие се: Карл Бенц on 3 Јули, 1886 во Манхајм, Готлиб Дајмлер and Вилхелм Мајбах во Штутгард (исто така пронаоѓачи на првиот моторцикл) и во 1888/89 германско-австрискиот пронаоѓач Зигфрид Маркус во Виена.

Автомобилски доба (во декади)
1890 1900 1910 1920 1930 1940 1950 1960 1970 1980 1990 2000
Ветеранско Месингано Старинско Предвоено Повоено Современо
Антиквитети
Класични

Парни возила

Возилото на Никола Кињо

Парните самовозечки коли се измислени во доцниот 18-ти век. Првата самовозечка кола е измислена од Никола-Жозеф Кињо во 1769 која достигнувала брзина до 6 км/ч. Во 1771 Кињо направил уште една побрза кола, која подоцна неможел добро да ја управува и ја удрил во ѕид, така правејќи ја првата автомобилска несреќа во светот.

Мотор со внатрешно согорување

Во 1806 Франсоа Исак де Риваз го направил првиот мотор со внатрешно согорување. Во следна фаза, де Риваз го направил и првиот автомобил кој користел таков мотор. Моторот користел водород и кислород за да произведе енергија.


Некои марки на автомобили

Видете исто така

Надворешни врски

This article is from Wikipedia. All text is available under the terms of the GNU Free Documentation License.