|
Article on other languages:
|
Антропологија (од грчкиот збор άνθρωπος што значи човек) е наука што се занимава со изучување на човештвото (види Homo (genus)). Антропологија е холистичка наука заради две причини: таа се занимава со човечкото битие само по себе во различните периоди од неговиот развој, како и со различните димензии на она што не прави луѓе сите нас. Во центарот на антрополошките изучувања се наоѓа концептот култура низ кој нашиот вид го развил универзалниот капацитет да го согледува светот низ симболи, да учи и предава такви симболи во рамките на едно општество, како и да го менува светот (и своето место во него) врз база на тие симболи. Основна карактеристика што традиционално ја изделува антропологијата од другите хуманистички дисциплини е нејзиниот акцент на меѓукултурните споредби. Поддисциплини
Антрополошките програми се почесто го делат полето во две групи, едната со акцент на хуманистичките науки и критичката теорија, другата со акцент на природните науки и емпириските набљудувања (претставувајќи лабава форма на логички позитивизам Види исто така
Познати антрополози во светотЛуис Хенри Морган; Бронислав Малиновски; Јозеф Обрембски; Алфред Реџиналд Ретклиф Браун; Франц Боас; Едмунд Лич; Клод Леви-Строс; Маргарет Мид; Рут Бенедикт; Клифорд Гирц; Томас Хиланд Ериксен; Жорж Баландие; Тед Луелен; Марк Абелес...
|
This article is from Wikipedia. All text is available under the terms of the GNU Free Documentation License.