|
Article on other languages:
|
Асирија или Асирското царство настанало од градот Ашур на реката Тигар, на просторот на северна Месопотамија (денешен Ирак). Во 2400. година п.н.е. царството бил значаен трговски центар, кој 2000. година п.н.е. прераснал во центар на големото царство. Во 1900. година п.н.е. се утврдуваат трговски колонии во Анадолија (денешна Турција). Од 1400. година п.н.е. асирската армија ги освоила краевите и државите кон северот и западот, обезбедувајќи како територија, ѕака и трговија, робови, и плин за себе и за владетелите. Заблагодарувајќи на стравот од моногуте соседни земји кои го имале спрема асирската војска, Асирија успеала да се прошири по целата територија на Блискиот Исток. Најголемата големина Асирското царство го достигнало во VII век п.н.е. кога се завладеани териториите од Египет до Иран. Сепак, неколку децении подоцна и многу војни за превлат, новото царство и култура Вавилонија под водството на Набукодоносор (од југот на Месопотамија) ја асимилирала Асирија во своето царство.
ВојскаАсирската војска била најефикасна "борбена машина" во тоа време. Нејзината репутација често била доволна за да ги уплаши останатите држави од можноста да војуваат против неа. Биле опремени со: железни шлемови, копја и штитови. Во употреба биле и кочии и опсадни машини, за тоа време "чудо од техниката" во вооружувањето. ГрадовиДо X век п.н.е. градот Асур бил пренаселен. Затоа биле изградени 2 града: Нимруд (IX век п.н.е. - 879. година од страна на кралот Ашурнасирпал II) и Нинива (VII век п.н.е.). Биле познати по велелепните палати и храмови. За Ниниву се знае дека имала полно паркови и градини и егзотични животни: слонови, лавови итн. ПолитикаПри чинот на крунисувањето, асирскиот владетел се колнел дека ќе го прошири царството. Асирците верувале дека нивниот бог Асур (по кој и градот го добил своето име) сам си го бирал својот владател, па затоа кралот ја имал сета апсолутна моќ. Кралевите сакале да покажуваат колку моќ и богатство имаат преку градење на храмови, палати, освојувачки походи итн. Да се наведе само дека кралот Сенахериб, кој владеел од 704. до 681. годиина п.н.е. воспоставил контрола над медитеранскиот брег и го уништил Вавилон. Од љубомора е убиен од страната на своите синови. што се однесува со кралиците, позната била Серамида, која владеела 42 години во IX век п.н.е. За време на нејзиното владеење изградени се познатите "Серамидини градини", кои во тоа време биле сметани како едно од 7-те светски чуда. Види исто така |
This article is from Wikipedia. All text is available under the terms of the GNU Free Documentation License.