Мапа на светот што ја покажува локацијата на Африка
Сателитска слика на Африка
Африка е втор по големина континент во светот и по површина и по население, но и единствениот преку кој преминува екваторот и двата повратници. Африка зазима 20,3 % од вкупната површина на Земјата. Релјефот и вегетацијата на најтоплиот континент варираам од дождовни шуми и суви савани до врели пустини.
Карактеристики
Површина: 30 244 050 км2
Број на независни држави: 54
Најголема држава: Судан со 2,505,810 км2
Најмала држава: Сејшели со 280 км2
Број на жители: преку 920 000 000
Густина на населеност: 21 ж. на км2
Најраспространети јазици: арапски, свахили, хауса, сомалиски, амхарски
Највисока точка: Килиманџаро, Танзанија, 5895 метри
Најниска точка: езерото Асал, Џибути, 156 м под нивото на морето
Највисока забележана температура: 58 С, Ал Азизија, Либија
Најниска забележена температура: -24 С, Илфарн, Мароко
Држави во Африка
Географија
Од Европа, Африка е одвоена со Средоземното море, а од Азија со Црвено море. На африканскиот континент се наоѓа најголемата река на Земјата, Нил, која е долга 6 695 км. Други големи реки се Конго, Нигер, Сенегал, Замбези, Лимпопо итн. Второто по длабочина езеро на Земјата истотака се напѓа на овој континент, тоа е Танганика, длабоко 1 470m, а истотака и големите езера Чад, Викторија, Рудолф, и др. Најголемата пустина на Земјата е во Африка - Сахара, с плоштина од 9 000 000 km². Други поголеми пустини се Намиб, Калахари, Арабска пустина.
|