|
Article on other languages:
|
Потекло на името на ВизантијаТерминот „Византиско царство“ е модерен термин, и бил непознат на современиците на царството. Домашниот поим бил Ῥωμανία Романиа или Βασιλεία Ῥωμαίων Басилеиа Ромаион, што претставува директен превод од латинското име на Римското царство. Imperium Romanorum, сите постоечки записи говорат за Византијците како за „Ромеи“, значи земји кои се наследници на Римското царство и нивни поданици. Името прв пат се користи во 1557 од страна на Германскиот историчар Хероним Волф, во неговото дело „Corpus Historiae Bizantinae“, каде што се вели дека потекнува од старо грчкиот назив Византион, кој се однесувал на грчка колонија на Босфор. Според преданието градот го основале грчки колонисти кои ги предводел извесен Виза или Визас, а по него и населбата го добила името Византион. Заради поволната географска положба Византион набрзо станал важен трговски и патнички центар, но во Античкиот период не завземал некоја значајна улога. По ова дошле Римјаните и римскиот цар, Септимиј Север (193-211.) кој барал овој град да се прошири. Во 324 година Константин станува единствен цар на римското царство. Во тоа време царството е во тешка криза. Рим старата престолнина и центар на вселената, веќе еден век не е престолнина на римските цареви. Константин најпрво живеел во Триер и Треверориум денеска во западна Германија, а потоа и во Милано во северна Италија. Сепак Константин ја видел потребата за постојан престолен град на Римското царство и во 330 година, Византион станува престолен град на царството под името Константинопол. По распадот на царството и губењето на западниот дел, единственто царство кое преостанува е Источното со седиште во Константинопол. За разлика од западот, на истокот доминирала Грчката и другите источни култури, а со губењето на Западот исчезнува и влијанието на латинските култури. Па така во 7 век, конечно преовладува грчкиот јазик и го заменува латинскиот. Овој век многу историчари го сметаат за почеток на класичната Византија, односно Византија како средновековна држава. Се до 1453, Византија себеси се сметала како римско царство, и својата држава и земја ја нарекувала Роменија – Ромејско царство. Најпрво тие се сметале за Ромеји, а потоа следувале другите категории како етнички Грци, Македонци, Ерменци, Арапи итн. До ден денеска во некои делови на Грција се користи терминот Ромаои, што означува домородец, земјак. Кога Турците – Селџуци, на крајот на 11 и почетокот на 12 век, го освоиле главниот дел на византиската мала Азија – денешна Турција, биле именувани како Рум-Селџук. Историја
Со падот на Рим (476) престанала да постои и западната половина на Римското царство. Источната половина се разликувала од западната по многу нешта, и се однесувала како наследник на Македонско-Хеленистичката ера, а со тоа по урбанизирано и по развиено. Најголемиот цар – Јустинијан, повторно освоил некои делови на Западна Европа, ја изградил Света Софија, и дал основна кодификација на Римското Право. Денес со сигурност се знае дека Јустинијан бил роден во близината на Скопје, и го изградил античкиот град Јустинијана Прима, по кој Археолозите сеуште трагаат. По неговата смрт, царството почнува да слабее. Долгата борба околу иконите, во рамките на источната црква го започнала и распадот на црквите на Православни и Рим-Католички во 1054, нешто во што биле вклучени и Св.Кирил и Методија. Во времето на овој конфликт, Арапите и Турците Селџуци, ја зацврснале својата власт. Кон крајот на 11 век Алексеј I Комен, побарал помош од Венеција и од папата. Овие сојузници се оддале на крстоносните походи и војни. Во 4 крстоносна војна, Венецијанците го освоиле Константинопол, и го замениле владеењето преку латинските цареви и трон во 1204 година. Кога бегалците се вратиле во 1261, империјата не била повеќе од град-држава. Во 14 век полнуваат навлегувањата на османлиските Турци. По долготрајна опсада Константинопол паѓа во 1453 кога и последниот цар гине на градските ѕидини. Култура
Уметност
Архитектура
Кујна
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
This article is from Wikipedia. All text is available under the terms of the GNU Free Documentation License.