Грчка митологија

Article on other languages:

del.icio.us del.icio.us
Digg Digg
Furl Furl
Reddit Reddit
Rojo Rojo
Add to OnlyWire
Биста на Зевс, најдена во Отриколи.

Грчката митологија се состои од многу богови, демони, духови, музи, нимфи, сатири итн, кои биле измислени од луѓето. Приказните за боговите и за хероите се викаат митови, а сите митови заедно ја сочинуваат митологијата.

Хелените верувале дека на планината Олимп во Тесалија живеат богови и божици, кои ги замислувале во човечки облик, но многу поголеми од обични смртни луѓе. Боговите имале способност да се преобразуваат, да добиваат облик каков што сакаат; во животно, растение или лик на друг човек. Тие биле бесмртни. Низ вените не им течела крв, туку течност наречена икор. Се хранеле со амброзија (вид печурка) која секој ден им ја носеле од брегот на океанот. Кој јадел од таа храна станувал бесмртен. Пиеле нектар. На влезот на Олимп имало врата од облаци што ја чувале Хори (годишни времиња). Секој бог живеел во сопствено живеалиште, што било изградено од сјаен метал.

Содржина

Божества

Богови

  • Зевс (старогрчки: Ζεύς) бил врховен бог, исто така познат како Диас (грчки: Δίας), и бог на молњата.
  • Хера (старогрчки: Ἥρα), сопругата на Зевс, била врховна божица и божица на бракот.
  • Артемида (старогрчки: Ἄρτεμις), божица на ловот.
  • Атена (старогрчки: Ἀθηνᾶ) била божица на мудроста.
  • Афродита (старогрчки: Ἀφροδίτη) била божица на убавината.
  • Арес (старогрчки: ῎Αρης) бил бог на војната. Тој бил најстариот син на Зевс и Хера. Најчесто е опишуван како многу силен. Аресов пандан во римската митологија е Марс. Неговото име во превод од грчки значи „уништување“, што го прикажува него како „уништувач“.
  • Аполон (старогрчки: Απόλλων) бил бог на сонцето и музиката.
  • Демитра (старогрчки: Δημήτηρ) била божица на земјоделството.
  • Дионис (старогрчки: Διώνυσος или Διόνυσος) бил бог на виното.
  • Посејдон (старогрчки: Ποσειδῶν) бил бог на морето.
  • Хад (старогрчки: ᾍδης) бил бог на подземниот свет.
  • Хермес (старогрчки: Ἑρμῆς) бил бог на уметноста, трговијата и литературата. Тој исто така бил и гласник на боговите.
  • Хестија (старогрчки: Ἑστία) била божица на срцето во старогрчката митологија.
  • Хефест (старогрчки: Ἥφαιστος) бил бог на ковачката вештина во старогрчката митологија.

Нимфи

Главна статија: Нимфа.

Нимфи се убави женски божества кои живееле во природата. Постоеле нимфи на планините, на реките, на шумите, на изворите и на дрвјата. Најпозната нимфа била Ехо. Според митот за неа, таа била казнета од божицата Хера поради нејзиното лукавство. Ехо ја занимавала Хера со многу разговори, сѐ со цел да му овозможи на Зевс да им се додворува на другите нимфи. Кога Хера го открила тоа, ја казнила никогаш да не проговори, туку само да ги повторува звуците што ке ги слушне. Нејзиното име Ехо и денес го означува поимот одглас, што го слушаме кога сме во планините.

Сирени

Главна статија: Сирена.

Сирени се девојки кои живееле на морските острови и со песна ги мамеле морепловците за да ги погубат. Горниот дел на телото им бил како на жените, а долниот им бил покриен со пердуви. Нозете им биле како нозете на птиците.

Кентаури

Главна статија: Кентаур.

Кентаури се суштества со лице и гради на човек и со четири коњски нозе со копита. Тие биле диви и опасни, со исклучок на кентаурот Хирон, кој бил познат по својата праведност и добрина. Тој бил учител на полубоговите Херакле и Ахил.

Полубогови

Главна статија: Полубог.

Полубогови во грчката митологија се суштества родени од божество и смртен човек. Меѓу најпознатите полубогови се: Прометеј, Херакле, Ахил, Пандора и многу други. Нивните имиња и по неколку илјади години се познати и се симболи на одредени човечки особини. Зборот Прометеј е синоним на промисленост и мудрост. На Прометеј му се припишува заслугата дека му донел знаење на човештвото. Познато е дека го украл огнот од боговите и им го дал на луѓето. Пандора е првата жена на замјата која богот Хефест ја направил од земја и вода. Другите, по наредба на Зевс, ја дарувале со некоја своја особина. Пред да ја доведат на Земјата, ѝ подариле кутија и ја предупредиле никогаш да не ја отвора. На Земјата се омажила за Епиметеј, брат на Прометеј. Љубопитната Пандора еден ден ја отворила кутијата и од неа во облик на страшни демони, излегле сите зла, кои оттогаш го мачат човештвото. Пандора брзо ја затворила кутијата, а во неа останала надежта како единствена утеха на човештвото. Херкул бил син на Зевс и на смртна жена. Тој е симбол на физичка сила и бестрашност. Уште од најрано детство почнал да прави чудни подвизи. Со своите силни раце бил во состојба да задави лав и дива свиња. Тој го скротил и триглавото куче Кербер, чуварот на Хад (подземниот свет на мртвите).

Надворешни врски

Биста на Зевс
Грчка митологија

This article is from Wikipedia. All text is available under the terms of the GNU Free Documentation License.