Летни олимписки игри - 1976

Article on other languages:

del.icio.us del.icio.us
Digg Digg
Furl Furl
Reddit Reddit
Rojo Rojo
Add to OnlyWire
Games of the XXI Olympiad

Град домаќин Монтреал, Квебек, Канада
Бр. на држави 92
Бр. на спортисти 6,028 (4,781 мажи, 1,247 жени)
Натпревари 198 од 21 спортови
Отворени 17 јули
Затворени 1 август
Официјално отворени од: Елизабета II
Атлетска Заклетва Пјер Сент- Жан
Олимписка заклетва Морис Фужо
Олимписки оган Стефан Префонтен и
Сандра Хендерсон
Стадион Олимписки стадион

21-те Летни олимписки игри се одржале 1976 година во Монтреал. Градот бил избран за домаќин на 12 мај 1970 на 69-тата сесија на МОК во Амстердам. Останати конкуренти биле Москва и Лос Анџелес.

Резултати од гласањето за избор на град-домаќин на Летните олимписки игри - 1976
Град Земја Прв круг Втор круг
Монтреал Канада 25 41
Москва СССР 28 28
Лос Анџелес САД 17 -

Содржина

Ретроспектива

Олимпискиот стадион во Монтреал, иронично наречен „Големиот долг“
  • Олимписките игри во Монтреал биле отворени од кралицата Елизабета II (како владетел на Канада) и целата канадска кралска фамилија присуствувала на отворањето на церемониите.
  • Канада не го признала името на Тајван како автономна држава, но направила компромис со Тајванците за да можат да имаат свој грб и знаме, но тоа било одбиено од нивна страна.
  • Организацијата на олимписките игри за градот Монтреал била финансиска катастрофа, бидејќи градот отплаќал долгови од Олимпијадата уште наредните 30 години, се до 2006. Олимпискиот стадион, храбар дизајн на французинот Роже Тајибер се смета за споменик на големиот дефицит и го нарекуваат „Големиот Долг“. Подвижниот кров на стадионот никогаш практично и не проработел, а кулата над него била завршена дури по Игрите. Вкупниот трошок за стадионот, вклучувајќи ги и поправките, реновациите, градбата, каматите и инфлацијата изнесува 1,6 милијарди канадски долари. По сето ова, Монтреалските игри во 1976 се најскапите игри кои се досега организирани.
  • Олимпискиот оган бил „електронски“ пренесен преку сателит од Атина до Отава, со помош на електронски пулс кој потекнувал од вистинскиот пламен кој горел во Атина. Од Отава, бил пренесен рачно до Монтреал. По една дождовна бура која го изгаснала Олимпискиот пламен, еден официјален претставник на игрите го запалил повторно со помош на својата запалка. Организаторите бргу го изгаснале и го запалиле користејќи резерва на оригиналниот оган.
  • 14-годишната Надја Kоманечи од Романија освоила седум перфектни десетки и освоила три златни медали, вклучувајќи го престижниот сеопфатен медал или „All Around“. Семафорот можел да покаже само три цифри па така резултатот бил прикажан како 1:00. Во женска гимнастика Нели Ким од СССР освоила три златни медали. Николај Андријанов од СССР освоил четири златни медали, вклучувајќи го и сеофпатниот, во машка гимнастика.
  • Борис Онишенко, член на тимот на СССР во модерен пентатлон, бил дисквалификуван по отривањето дека ја наместил својата еспада да регистрира удар дури и кога немало. Поради ова, тимот на СССР во модерен пентатлон бил дисквалификуван. Онишенко го заработил непријателството на другите членови на Советскиот олимписки тим, и на пример, тимот на СССР во одбојка се заканувал дека ќе го исфрли од хотелот низ прозорец доколку го сретнат.
  • Јапонскиот гимнастичар Шун Фуџимото настапувал со скршено десно колено, и му помогнал на јапонскиот тип да го освои златниот медал во тимскиот шампионат. Фуџимото ја скршил неговата нога на вежби на партер, и поради блискоста во севкупниот поредок со СССР, тој ја скрил својата повреда. Со скршено колено, Фуџимото бил во состојба да го комплетира својот настап на карики изведувајќи совршен краен скок со тројно салто, задржувајќи совршена рамнотежа на приземјувањето. Освоил 9,7 и со тоа го обезбедил златото за Јапонија. По неколку години, кога го прашале дали би го направил тоа повторно, тој бледо рекол „Не, не би.“
  • Луан Рајан го освоила женскиот златен медал во стрелаштво за САД; Рајан никогаш порано не се натпреварувала на меѓународно ниво.

Спортови

Олимпиското село коешто постои и денес

Земји-учеснички

Со сина боја се обележани земјите кои дебитираат на Олимписките игри

)* Ирска (46)

Спортистите од Камерун, Египет, Мароко и Тунис се натпреварувале само од 18 до 20 јули по што ги напуштиле игрите.

Земји кои ги бојкотирале игрите

Земјите кои ги бојкотирале игрите се обележане со жолта, зелена и портокалова боја

Следните 28 земји ги бојкотирале игрите и неучествувале поради дуелот во рагби помеѓу Нов Зеланд, тим во којшто сите играчи биле црномурести и Јужноафриканската Република, земја која не учествувала на Олимписките игри од 1964 до 1992 поради политиката на апартхејдот.

Заир не учествувал на игрите, но повеќе од финансиски причини отколку од политички. Од игрите отсуствувале и Кина и Република Кина (Тајван), поради тоа што Кина не го признавала Тајван како посебна држава. Но, сепак истата 1976 година Меѓународниот олимписки комитет го признал Тајван како посебна држава.

Освпјувачи на медали

Rank Country Злато Сребро Бронза Вкупно
1 СССР 49 41 35 125
2 Источна Германија 40 25 25 90
3 САД 34 35 25 94
4 Западна Германија 10 12 17 39
5 Јапонија 9 6 10 25
6 Полска 7 6 13 26
7 Бугарија 6 9 7 22
8 Куба 6 4 3 13
9 Романија 4 9 14 27
10 Унгарија 4 5 13 22

Видете исто така

Олимписки игри со бојкоти

Надворешни врски


This article is from Wikipedia. All text is available under the terms of the GNU Free Documentation License.