Староанглискиот јазик (англиски јазикOld English), кој сеуште се нарекува и англосаксонски) е стара форма на современиот англиски јазик. Овој јазик се зборувал во делови на Англија и јужна Шкотска во периодот од средината на V век до средината на XII век. Овој јазик спаѓа во групата на западногерманските јазици. Овој јазик е многу сличен со старофризискиот јазик и старонорвешкиот јазик. Во текот на својата историја, староанглискиот јазик прифатил некои особини од страна на келтскиот јазик.