20 јули

Article on other languages:

del.icio.us del.icio.us
Digg Digg
Furl Furl
Reddit Reddit
Rojo Rojo
Add to OnlyWire

20 јули е 201-иот ден во годината според григоријанскиот календар (202-и во престапна година). Остануваат 164 денови до крајот на годината.

Јуни - Јули 2008 - Август
п в с ч п с н
  1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 31      
календар за 2008 г.
Сите дати

Содржина

Настани

1402  Монголскиот хан Тамерлан во Битката кај Ангора, денешна Анкара, ја победува турската војска и го заробува султанот Бајазит I, кој во 1403 година умира во ропство.
1924  Во Париз е основана Светската шаховска организација.
1944  Германскиот полковник Клаус Шенк извршува атентат врз нацистичкиот лидер Адолф Хитлер со подметнување на бомба под неговиот стол во бункерот Волчја јама кај Берлин. Хитлер е само полесно повреден, а заговорниците се погубени.
1969  Лунарното возило „Орел“ на американскиот вселенски брод „Аполо 11“, со космонаутите Нил Армстронг и Едвин Олдрин, се упати на површината на Месечината, додека Мајкл Колинс го продолжи кружењето околу Месечевата орбита со матичниот брод „Аполо 11“.
2001  Карло Џулијани, италијански активист и анархист е убиен во текот на демонстрациите против Групата 8 во Џенова во 2001 година од страна на италијанските Карабињери.


Родени

356 п.н.е.  Александар III Македонски, крал на Македонија, еден од најголемите војсководци и освојувачи на сите времиња.
1304  Франческо Петрарка, голем лирски поет на италијанската предренесанса.
1659  Ијасент Риго, важен француски барокен сликар и портретист.
1847  Макс Либерман, германски постимпресионистички сликар.
1919  Сер Едмунд Хилари, новозеландски офицер и истражувач, учесник во хималајските и во поларните експедиции.
1948  Жан Рено, француски актер.


Починале

1816  Гаврила Романович Державин, руски класицистички поет, сметан за најголемиот руски поет пред Пушкин.
1913  Васил Чекларов, македонски војвода од Костурско.
1923  Панчо Виља, мексикански револуционeр, водач на селанската револуција од 1910 година.
1937  Ѓуљелмо Маркони, италијански инжинер.
1951  Абдула I, јордански крал.
1971  Пол Валери, француски поет.


Празници

20 јули (празници)

Јануари | Февруари | Март | Април | Мај | Јуни | Јули | Август | Септември | Октомври | Ноември | Декември

This article is from Wikipedia. All text is available under the terms of the GNU Free Documentation License.